|

ВОНРЕДНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ВО КОСОВО

Денеска во Косово се одржуваат вонредни парламентрни избори. На овие, седми по ред повеќепартиски избори за пратеници во законодавниот дом на Република Косово, учествуваат 25 политички субјекти, од кои 20 политички партии, четири коалиции и еден независен кандидат.

Гласањето се одвива во 895 гласачки центри со 2.547 гласачки места, кои ќе бидат отворени од 7 до 19 часот.

За 120 места во косовскиот Парламент се натпреваруваат 1.068 кандидати.

Право на глас, според конечниот список на гласачи што го објави Централната изборна комисија имаат 1.937.868 лица, што е за околу 65 илјади повеќе во споредба со последниот изборен процес во земјата.

За следење на изборната кампања и на процесот на гласање се акредитирани околу 33.000 набљудувачи.

Прва своето гласачко право го искористи претседателката на ЦИК Ваљдете Дака, која гласаше во 7.00 часот во Приштина. Таа ги повика граѓаните да ја извршат својата обврска, а од партиите побара да придонесат за во светот да се пренесе позитивна слика за Косово.

Денешните парламентарни избори во Косово се одржуваат откако во јули годинава премиерот Рамуш Харадинај поднесе оставка на функцијата, а Собранието минатиот месец се самораспушти.



Слични Објави