НИКОЛОВСКИ: ВО СЕКОЕ МИНИСТЕРСТВО ЌЕ СЕ БИРА НАЈДОБАР АДМИНИСТРАТИВЕЦ

Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, на денешната прес конфенреција најави дека преку кол центар, граѓаните да пријавуваат корупција, но и непостапување на администрацијата по нивни предмети.

loading...

Николовски ја најави годината 2021, како антикорупциска година, и година на подигнување на свеста кај граѓаните и запознавање со механизмите за спротивставување на корупцијата кои им стојат на располагање.

„Преку  него правните и физичките лица ќе може да пријават и ненавремено постапување на надлежните институции во однос на барања, решенија, за сето она што тие треба да им служат“, рече Николовски, кој најави дека работата на административците ќе биде оценувана и надгледувана, а во секое министерство ќе се избира административец на годината.



loading...

Годинава  како што најави Николовски ќе биде воспоставен нов електронскиот систем за инспекција, т.н. е-инспектор, со кој ќе се поврзат сите 28 инспекциски служби под капата на Инспекцискиот совет.