Петровска – Норман: Заедничка осуда на руската инвазија на Украина
Министерката за одбрана Славјанка Петровска и канадскиот амбасадор акредитиран за Северна Македонија, Џајлс Норман на денешната средба во Министерството заеднички ја осудиле руската инвазија на Украина.
Како што соопштија од МО, министерката Петровска истакнала дека во денешна Европа нема простор за воен конфликт и страдања на кои сите сме сведоци во последните денови.
Амбасадорот Норман истакнал дека членството на Северна Македонија во Алијансата е особено важно за земјата, но и за стабилноста на регионот. Тој ја потенцирал важноста на единството на меѓународната задница во осудата на воените дејствија.