ЗОРАН ЗАЕВ: ПОСЕТА НА Р. АВСТРИЈА И Р. ПОЛСКА

//

Почитувани,

Ве известуваме дека претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од владина делегација, на 26 јуни е во официјална посета на Република Австрија, а на 27 јуни е во работна посета на Република Полска.

Во Виена, премиерот Заев ќе има средба со федералниот канцелар на Република Австрија, Себастијан Курц, по што ќе имаат заедничка прес конференција. Ќе има и средба во Парламентот на Австрија, ќе се обрати на дебата на тема „Заедничка европска иднина за Југоисточна Европа – Примерот на Македонија“, а во рамки на посетата, премиерот Заев и владината делегација ќе имаат и средби со претставници на бизнис заедницата во Австрија.

Во Варшава, премиерот Заев ќе има средба и заедничка прес конференција со премиерот на Република Полска, Матеус Моравјецски.



 

Претходна статија

СПЕЦИЈАЛНИОТ СОВЕТНИК НА ЈОХАНЕС ХАН: МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА ЕУ

Следна статија

ТАРАВАРИ: ПАРИ ЗА УЧИЛИШТАТА ИМА, ДИРЕКТОРИТЕ НЕ ЗНААТ ДА МЕНАЏИРАТ СО НИВ

Најново од Вести