НАПАЃАЧИТЕ НА АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО АНКАРА БИЛЕ ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ
Еден од напаѓачите на Американската амбасада во Турција призна дека нападот го извршиле поради изјавите на претседателот на Белата куќа, Доналд Трамп што доведоа до пад на националната валута. Пишува во средата весникот „Хуриет”.
„Му се јавив на Осман (вториот напаѓач), ноќта се сретнавме, се напивме и седнавме да се возиме низ градот. Разговаравме за кризата со лирата, заканата на САД против Турција и последните изјави на претседателот Трамп. Тогаш ние се разбеснивме и одлучивме да пукаме на американската амбасада под влијание на алкохол” – од извадокот од полициското сведочење на Ахмет Челикен.
Турските безбедносни служби не можеа да најдат никакви докази дека сторителите го извршиле кривичното дело по наредба на трета страна.
Нападот беше извршен утрото во понеделникот околу 5 часот. Поминувајќи покрај Американската амбасада, двајцата напаѓачи шестпати пукале брз објектот, потоа избегале од местото на настанот. Три куршуми ја погодиле чуварската кабина, но за среќа никој не бил повреден.
Инцидентот се случува во време на сериозно нарушени односите меѓу Турција и САД, кои резултираа со зголемивање на царините на разни видови производи и доведоа до пад на лирата.

