НАУЧНИЦИТЕ ПРЕПОРАЧУВААТ РЕДОВНО ДА ЈА ПОСЕТУВАТЕ ПЛАЖАТА. ЕВЕ ЗОШТО:
Сите знаеме дека поминувањето време на отворено е добро за вас како на физичко така и на ментално ниво, но придобивките од поминатото време конкретно на плажа, штотуку се откриени.
Тоа неверојатно чувство на мир и хармонија што го доживувате додека сте на плажа сега се нарекува “син простор”. Вака научниците го нарекоа ефектот од комбинацијата на мириси и звуци што водата го има на вашиот мозок. „Синиот простор“ ве тера да се чувствувате релаксирано, на некој посебен хипнотички начин.
Кога ќе забележите дека се чувствувате опуштено на плажа, тоа не е само во вашата глава. Науката вели дека тоа е промена во начинот на кој вашиот мозок реагира на неговата околина, правејќи да се чувствувате среќни, опуштени и слободни.
Генерално, „синиот простор“ влијае на вас на четири различни начини.
1. Одењето на плажа го намалува стресот
Водата е природен лек за стрес. Полна со природни позитивни јони кои се познати по тоа што имаат смирувачка способност. Значи, дали ќе одите да пливате или едноставно ќе ги натопите прстите во водата, сигурно ќе се почувствувате релаксирано. Плажата влијае како инстант засилувач на расположение, и е достапена за сите од време на време!
2. Плажата ја зголемува вашата креативност
Чувствувате креативен подем? Научниците сега веруваат дека причина за ова е плажата. Со самото тоа што се наоѓате во „синиот простор“ вие имате можност да ја исчистите главата и да им пристапите на проблемите или проектите на покреативен начин. Слично како и медитацијата, плажата иницира чувство на смиреност што ви овозможува да се исклучите од рутината и да се фокусирате на она што е најбитно.
3. Одење на плажа може да помогне во справувањето со депресија
Слично како и ефектите што ги има плажата врз стресот и влијанието врз креативниот потенцијал, плажата исто така помага кога се работи за чувствата на депресија. Хипнотичкиот звук на брановите во комбинација со погледот и мирисот на плажата може да ве доведе во состојба на медитација. На плажа можете да го исчистите својот ум и да размислуваат за животот во еден безбеден простор, подалеку од хаосот од секојдневниот живот.
4. Генерално, времето поминато на плажа ќе ја промени вашата перспектива кон животот
И тоа на подобро! Природата генерално отсекогаш била важен фактор за здрав и среќен живот, особено плажата, која пак се испостави дека е неверојатно добра за душата.
Затоа не губете време, спакувајте се и упатете се кон најблиската плажа, нема да зажалите.

