(Фото) Што сакаат да ни кажат целуфанените левичари-подржувачи на ОМО Илинден Апасиев и Крмов?
Пратениците во Собранието на РС Македонија од редовите на политичката партија Левица Димитар Апасиев и неговиот партиски другар Борислав Крмов, преку социјалната мрежа Facebook испратија недвосмислени пораки во однос на денешното палење на клубот на Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола.
Во април месец годинава, во лов на политички поени и гласовите на вжештените патриотски глави на разочараните од Мицкоски, Заев, Ковачевски и ред други македонски политичари гласачи, Апасиев се појави на чествување на нелигитимната според бугарските закони партија ОМО Илинден-Пирин.
Настанот беше посветен на годишнината од извршувањето на смртната пресуда врз отпадникот на Организацијата Јане Сандански. Истиот традиционално се одржува на гробот на Сандански кај Роженскиот манастир во Бугарија.
На истиот настан беше присутен и еден од лидерите на ОМО Илинден-Пирин Стојко Стојков, кој во неколку наврати има изјавено дека нема проблем со тоа Бугарите во Македонија да ги добијат своите права, се разбира, ако реципрочно истите права ги добијат и луѓето што се сметаат себе си за Македонци во Бугарија. Стојков се разбира не дава детали, како според бугарскиот Устав, кој е изграден на граѓански темели и не признава колективни права, неговите следбеници (плод на предавничката политика на бугарските комунисти) би можеле да добијат посебен третман во однос на останатите бугарски државјани.
Апасиев вели „Огин силен ќе ве изгори“, што ли сака да ни порача…
Ќе се огради ли борецот за човекови права и пријател на Бугарскиот хелсиншки комитет Стојко Стојков од тие пораки?