ПИЦА-БАНИЧКА
Состојки: 10 тенки готови кори, 150 грама сирење, 100 гр рендан паризер, 100 мл млеко, 2 јајца, 150 грама салама, малку кечап, половина прашок за пециво, оригано и масло.
Подготовка: Издробете го сирењето со вилушка, додадете го млекото ,2 јајца и изренданата салама, прашокот за пециво и измешајте. Паризерот изрендајте го.
Земете една кора и малку напрскајте ја со масло, ставете 3 лажици од подговената смеса и премачкајте ја целата кора. Одозгора наросете со малку паризер, малку кечап и оригано.
Завиткајте во ролничка и наредете во подмачкан плех. Истата постапка направете ја со сите останати кори.
Извор: Мисли