ШИШОВСКИ: АКО СЕ СЛУЧИ АМНЕСТИЈА ЗА 27 АПРИЛ, ТОА ЌЕ БИДЕ КАТАСТРОФАЛНО

//

„Ако се случи амнестија, за што има одредени сигнали тоа ќе биде многу лошо, катастрофално – за државата, посебно за она чувство на неказнивост и чувството дека луѓето поврзани со партиите се на некој начин заштитени повеќе од другите. Особено лошо ќе биде по кариерата и наследството на самиот претседател Пендаровски“, изјави во Утрински брифинг архитектот и филозоф, Јордан Шишовски.

Според Шишовски прашањата за 27 април и новиот клинички центар треба да се решаваат во парламентот.



-27 април , Клиничкиот центар се прашања за кои треба да се разговара во Парламентот. Претседателот треба да се занимава со големите теми. Минатата недела се случи серозно заострување на безбедносната ситуација помеѓу НАТО и Русија. Претседателот беше должен да ја искаже својата позиција. Ние позицијата на државниот врв ја дознавме преку твит на министерот за надворешни работи што е несериозно, вели Шишовски.

Претходна статија

ВАРХЕЈИ ПОВТОРНО ЈА ПОТСЕТУВА ВЛАСТА ВО СКОПЈЕ: АКО НЕ СЕ ДОГОВОРИТЕ СО СОФИЈА, АЛБАНИЈА ЌЕ ПРОДОЛЖИ САМА ПО ПАТОТ КОН ЕУ

Следна статија

ВЧЕРА СЕ ВАКЦИНИРАЛЕ 12.606 ГРАЃАНИ

Најново од Вести