Шолц се надева на напредок во случајот меѓу РС Македонија и Бугарија
Германскиот канцелар Олаф Шолц се надева дека ќе биде постигнат напредок во случајот меѓу Северна Македонија и Бугарија. Тој, исто така, ги повика Косово и Србија да не отстапуваат од процесот на дијалог, јавува БГНЕС.
За време на заедничката прес-конференција со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, Шолц истакна дека само така може да се реши тензијата меѓу нив и дека на овој начин балканските земји можат да се доближат до Европската унија.
Тој понатаму изјави дека Косово и Србија треба да бидат подготвени да ги решат сите спорови.
„Работиме напорно за да ја решиме навистина тешката ситуација меѓу Косово и Србија. Јас сум секогаш на страната на процесот на проширување“, рече германскиот канцелар.