|

Браќата и сестрата на Бајден добија забрана за влез во Русија

Руските власти денеска соопштија дека им забраниле на група од 200 Американци да влезат на територијата на Русија.

Како што е наведено, таа забрана е одговор на американските санкции кои претходно беа воведени кон Русија.

„Одлуката е донесена како одговор на санкциите на администрацијата на Бајден“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Меѓу лицата на кои им е забранет влез се двајцата браќа и сестрата на американскиот претседател Џо Бајден, како и на неговата портпаролка Карин Жан-Пјер.

Извор: press24.mk

Слични Објави