|

Зеленски: Денес е историски ден, го враќаме Херсон

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека специјалните единици на украинските вооружени сили веќе се во градот Херсон на југот на земјата, по повлекувањето на руските трупи, опишувајќи го овој момент како историски.

„Денес е историски ден. Ние сме во процес на враќање на Херсон“, рече тој во видео обраќање, пренесе Ројтерс.

Зеленски рече дека украинските бранители се приближуваат кон градот.

„Ќе влеземе наскоро. Но специјалните единици се веќе во градот“ – рече Зеленски, пренесе АП.

Зеленски, исто така, рече дека жителите на Херсон чекаат и никогаш не се откажале од Украина.

Извор: press24.mk

Слични Објави