(Видео) „Говори…“: Димитар Талев – хроничарот на борбите на македонските Бугари!
„Животот ни дава непроценливо количество теми кои секогаш би можеле да инспирираат еден писател, но зарем не можеме да ги најдеме овие теми не само во нашиот сегашен живот? Мислам дека писателот со оглед на својата природа, во поглед на неговите интереси, може да бара теми во минатото и во најдалечното или во блиското минато“.
Со овие зборови, зачувани во Архивата на Бугарското национално радио, Димитар Талев им се обраќа на слушателите на Радио Софија, јавува БНР.
Огромниот број на теми собрани во неговите 15 тома есеи ги опфаќа сите сфери на животот: од неговите новинарски публикации во весникот „Македонија“, преку неговите аналитички написи за современата бугарска проза, како и неговите рани научни студии за развојот на училишната мрежа во Македонија, а и за раните извори, сведоштва и документи за бугарскиот јазик на македонските Словени.
Талев совесно се занимава со историските извори за да ги создаде своите епски историски романи: „Железниот светилник“, „Преспанските камбани“, „Гласовите ви ги слушам“, трилогијата „Самоил“, едни од најавтентичните описи на „Гоце Делчев“ и на Пајсиј Хилендарски во „Монахот од Хилендар“.
Во втората епизода од видео-серијалот „Говори…“, што го создава тимот од Дирекцијата „Дигитални програми“ на БНР, ќе го слушнеме гласот на Димитар Талев, а за неговото револуционерно новинарство, за неговиот раскажувачки талент – авторот на епизодата, Милен Димитров, разговара со издавачот и истражувач на творештвото на писателот – Иван Гранитски.
Во видео подкастот „Говори…“ ќе бидат претставени интересни, љубопитни и помалку коментирани моменти од животот и активностите на најпознатите бугарски интелектуалци, како и ќе можат да се слушнат гласовите на овие личности, кои се чуваат во Архивскиот фонд на БНР.
Целта на серијата е да ја збогати свеста на пошироката јавност за нив и да биде корисна како за образовните, така и за обучувачките активности во средното и високото образование во Бугарија.