АВТОРОТ НА СТОРИЈАТА ЗА „РЕКЕТ“ ВО ИСТА ОРГАНИЗАЦИЈА СО СОВЕТНИК НА ГРУЕВСКИ
Лорис Гајсер, авторот на текстот кој беше денеска објавен во „Ла Верита“, е претседател на Паневропското движење на Словенија, дел од претседателството на меѓународната Паневропска Унија. Заедно со него, во претседателството на оваа организација е и доскорешниот македонски амбасадор во Брисел, Андреј Лепавцов и советник на поранешниот премиер Никола Груевски, пишува „360 Степени“.
Весникот „Ла Верита“ инаку важи за близок до актуелниот италијански министер за внатрешни работи, Матео Салвини.