Сега е сезоната на кајсии кои не само што се исклучително вкусни, туку и се многу корисни за нашето тело.
Плодот содржи голема количина на бета-каротин, кој ја игра улогата на антиоксиданс. Го зајакнува нашиот имунолошки систем и е корисен за очите, косата и кожата. Кајсиите, исто така, најчесто се користат во козметиката.
Денес ви прикажуваме 3 маски за лице кои го содржат ова овошје:
Сок од кајсија, мед и портокал
Оваа маска не само што ја навлажнува, туку ја чисти и ексфолира кожата. Земете зрела поголема кајсија и иситнете ја со вилушка, додадете 3-4 лажички мед и 1 лажичка сок од портокал. Добро измешајте ги состојките и нанесете од смесата на лицето и вратот. Оставете да отстои 30-40 минути, па потоа исплакнете се со топла вода.
Кајсии, мед и бадеми
Ако сакате помека и помазна кожа, тогаш пробајте ја оваа маска. Исто така е ефикасна и за отстранување на црнките на кожата. Земете 2 зрели кајсии, измешајте ги со 2 лажички мед и ситно мелени бадеми. Нанесете од смесата на лицето и вратот. Оставете да отстои 20 минути, па потоа исплакнете се со млака вода.
Кајсии, овес и јогурт
Земете 3 зрели кајсии и столчете ги, а потоа додадете 1 лажица ситно мелен овес и 1-2 лажици јогурт. Добро измешајте ги сите состојки, оставете ја смесата 15-20 минути и потоа исплакнете.