|

ВМРО-ДПМНЕ: Среде Скопје, се случи пукотница додека Ковачевски го убедуваше Ескобар колку оваа влада е европска

Опозицијата во своето утринско соопштение обвинува дека во Македонија криминалците и политичкото водство на државата се едно.

„За тоа колку власта е европска говори и вчерашниот настан кој веќе е рутина во главниот град, да се случуваат криминални пресметки меѓу криминални пулени на власта, додека во исто време Спасовски и Ковачевски не убедуваат за европските вредности. Среде Скопје, во трговски центар преполн со луѓе се случи уште една пукотница додека Ковачевски го убедуваше Ескобар колку оваа криминална влада е европска“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, криминалците и истите тие кои се пресметуваат се луѓето чии услуги ги користат властите и затоа е дрскоста со која среде главниот град си се пресметуваат а Скопје го претворија во вестерн стрелиште.

„Со години влакно не им фали на криминалците кои се заштитени како бели мечки. Затоа се потребни промени, и затвор за сите кои се огрешиле кон законот“, заклучуваат од опозицијата.



Слични Објави