|

Стотици Срби на протест пред Руската амбасада во Белград поради смртта на Навални

Стотици луѓе се собрале попладнево пред руската амбасада во Белград да изразат жалост по смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални во затвор. Луѓето полагаат цвеќе и плачат, а се слуша и руска музика, објавува српскиот медиум N1, пренесува Слободен печат.

Меѓу граѓаните пред амбасадата има и такви кои побегнаа од Русија. Како што пренесуваат регионалните медиуми, учесниците велат дека Навални бил последната надеж дека Русија може да биде слободна и нормална земја.

„Додека беше жив имавме надеж дека Господ ќе ја спаси Русија. Денеска ни е изгубена последната надеж“, изјави Игор кој ја напушти Русија пред десет години и дојде на собирот со сопругата.



Слични Објави