ВМРО ДПМНЕ : ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ ВО НЕГОТИНО И ВРАБОТЕВ ВО ТЕЦ НЕГОТИНО НА СВОЈАТА МАЈКА И ДОДЕЛИЛ 3 ТЕНДЕРИ ВО ВРЕДНОСТ ОД ПОЛОВИНА МИЛИОН ДЕНАРИ
Очигледно е дека СДСМ нема намера да прекине со криминалот, па дури и во најмалите локални единици на уредување како што се општините со коишто управуваат.
Почитувани, каква Влада, такви локални функционери на СДСМ. Претседателот на Совет на општина Неготино Диме Витанов ги следи постапките на Зоран Заев, Кочо Анѓушев, Хари Локвенец и останатите во врска со бизнисите.
Како што можевме да видиме вчера од медиумите, Претседателот на Советот во Неготино и вработен како приправник во ТЕЦ Неготино кој учествува во креирањето на јавни набавки во истата институција, Диме Витанов, во месец април и септември на својата мајка Сијка Витанова и доделил 3 тендери во вредност од половина милион денари.
Мајката на Диме Витанов, Сијка Витанова е управител на фирмата Феникс М-М Сијка ДООЕЛ од Неготино и како што можевме да видиме земала тендери од ТЕЦ Неготино и ООУ Гоце Делчев од Неготино. Набавките биле за кафе, чај, пијалоци, па дури и мерни инструменти токму во институцијата каде што нејзиниот син Диме Витанов работи како приправник и општинско училиште кое исто така е под ингеренции на советот каде што син и е претседател на советот.
Почитувани граѓани,
Ова е начинот на работа на СДСМ. Ова се вредностите кои што ги поседува СДСМ. Ова е причината зошто СДСМ се бореше да дојде на власт.
Ги повикуваме институциите да го истражат случајот, каде што евидентно е дека се работи за класичен судир на интереси од највисок степен. Судирот на интереси е дело за кое што се одговара, бидејќи се работи за јавен функционер кој што располага со пари од граѓаните.
СДСМ и нивните кадри се докажаа како недостојни да управуваат со државните институции и ресурси.
На крајот, Република Македонија и граѓаните ќе победат, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
