|

Најголемиот германски производител на оружје „Рајнметал“ ќе добие 3 милијарди евра за нов договор со германската и холандската армија

Германскиот одбранбен гигант „Рајнметал“ (Rheinmetall) објави денеска дека ќе добие 3 милијарди евра како дел од договор за испорака на 222 борбени возила на пешадијата за германските и холандските вооружени сили, јави ДПА.

Нарачката ќе ја реализира „Артек“ (Artec) – заедничко претпријатие помеѓу „Рајнметал“ и француско-германскиот производител на тенкови КНДС (KNDS). Вкупната вредност на договорот изнесува околу 3,4 милијарди евра, при што „Рајнметал“ ќе го добие поголемиот дел од средствата.

Договорот опфаќа логистички пакет со резервни делови, опрема за обука и специјализирани алати, а предвидена е и опција за дополнителна нарачка на уште 248 возила.

По објавата на договорот, акциите на „Рајнметал“ нагло пораснаа за повеќе од 5,5% на франкфуртската берза до 16:35 часот по средноевропско време.

Возилата, означени како Jackel, ќе ја комбинираат шасијата на оклопното возило „Boxer со куполата на борбеното возило на пешадијата Puma. Првите 150 возила ќе бидат испорачани на германската армија.

„Рајнметал“ најави дека заедничкото претпријатие „Артек“ се очекува да обезбеди и идни договори, меѓу кои и производството на самоодната хаубица RCH 155, каде што ќе биде главен изведувач.



Слични Објави