МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН УАПСЕН ВО ШВАЈЦАРИЈА ЗАРАДИ СОМНЕВАЊЕ ЗА ВРСКИ СО АЛ КАЕДА И ИСИС
Македонски државјанин и три лица од Косово биле уапсени вчера во Швајцарија, под сомнение дека биле поврзани со џихадистичките организации Ал Каеда и Исламска држава, јавува МКД.мк.
Според соопштението од државниот обвинител, сите четворица биле уапсени во западниот дел од Швајцарија, а се обвинети за кршење на законот кој ги забранува Ал Каеда и Исламска држава и други слични организации, како и поддршка или членување во криминална организација.
Од обвинителството за швајцарската агенција АТС изјавиле дека четворицата биле испрашани, по што двајца од нив, 28-годишна жена од Косово и 29-годишен државјанин на Македонија се ослободени, а за другите двајца, 26-годишен Косовец и 29-годишен маж со двојно (косовско и швајцарско) државјанство бил побаран притвор.
