АДМИНИСТРАЦИЈАТА НЀ ИЗЕДЕ
Администрацијата не’ изеде! Се докажа дека оваа држава никогаш нема да се ослободи од клиентелизмот и можеби никогаш нема да се фати во костец со сопствената администрацијата, зашто таа битка сигурно ќе ја изгуби, односно ќе си го добие сопствениот камен по глава.
администрацијаАдминистрацијата не’ изеде!
Дисциплината „дување на администрацијата“ кај нас стана олимписка по воведувањето на плурализмот. Сега таа дејствува по инерција и ниеден „чауш“ од неа не може да се ослободи. А, синоним за клиентелизмот е – корупција! Победниците на изборите немаат храброст отворено да им кажат на своите борци дека борбата за освојување на власта не значи и обврска за нивно вработување во државната администрација. Напротив идеалот на таа борба е да се намали администрацијата, а парите за плати да се префрлат во графата за капитални инвестиции или за алиментација на ранливите групи, кои на државата и тежат како каменот на Сизиф.
Што ќе ти е министерот? За џек пот?
Администрацијата не’ изеде! Но, власта упорно, и покрај сите донесени закони за транспарентност, и покарај сите задачи за намалување на администрацијата, ја мавта Европската унија со измислување административни места што не и се потребни. Ајде што ги намали министерствата без ресор (министер без ресор тие е лево сметало, кое има на располагање мерцедес има право на вработување кадри во неговиот кабинет итн.), ама не го реши прашањето за замениците министри. Заменик министер исто така е непотребно место, бидејќи ако не е тука министерот, тој оди на седници на владата и само клима со главата, подзапишува нешто и кога ќе дојде министерот од „службен пат“ му пренесува што задачи добил од премиерот. Е па, тоа може да го прави и секретарката на министерот. Два петла на едно буниште никогаш не пееле. Има министерства, пак, во кои министерот не ја врши работата, некој и не зборува и не го разбира службениот јазик на земјата, па заменикот ја врши работата. Тогаш што ќе ти е министерот? За џек пот?
Ете така се убива идејата за сопствен бианис; така се раѓа љубовта, амбицијата и престижот за вработување „на државно“, за да не се работи ништо, а да се зема плата и да се троши на улица Македонија во Скопје, зашто таму се покажува фодуллакот на државните безработници.
канцеларијаАдминистрацијата не’ изеде!
Креативноста за измислување фиктивни функции
Последен пример за претурање на административците од шупливо во празно, по именувањата на замениците министри, се именувањата на бивши министри во т.н. наицонални координатори – синекура од ендемичен вид.
Не верувам да има човек што може да ја разбере дефиницијата на новите национални координатори, почнуваќи од координаторот за борба притв корупцијата (при толку други институции и органи за борба притв корупцијата). На пример: национален координатор „за одговорно владеење и транспарентност“, или „за интер-културализам, едно општество, развој за културна и меѓуресорска соработка“, „ за спроведување на комуникациската стратегија на владата“, „за воени и полициски ветерани“, „ за гранично управување“, „за спречување насилен екстремизам“ итн. Да се чуди човек на креативноста за измислување фиктивни функции. Ем министри, ем заменици, ем координатори!!! Земаат плата повеќе од 1200 евра, тоа се 10 плати на сиромаштијата!!!
Администрацијата не’ изеде! Во јавната администрација, во сите органи и тела со јавни овластувања, има околу 140 илјади вработени. Од нив помал дел со привремено решение, а дел во акционерските друштва со државен капитал. Има околу 1.200 институции. (бројкиве се приближни – м.з.)
Во 2018 јавниот сектор се зголемил за 3346 лица, во споредба со 2017 година. За министерството за администрација овие вработувања биле неопходни. Производството паѓа, извозот исто така, само „канцелариите“ се полнат.
Никој нема ништо против за стручните и неиопходните вработувања, но ротирањето на високи државни позиции со измилување на титулата „коориднатор“ е провидна. Револтот кај граѓаните се зајакнува со условот за вработување според коалициониот сооднос, па така баластот, Министерството за политички систем, формирано само за оддржување на тој баланс, во кое ништо не се работи, а се зема плата, си остана и доби нов министер-вицепремер.
(Целата колумна на Бране Стефановски прочитајте ја овде)