ДАМИТЕ ПОЗАДИ МТВ ИМААТ ПОВЕЌЕ МОРАЛ ОД ВАС…

Истакнато Краток спој Позиција

Зборував со една моја блиска особа, која исто како мене нема време и желба да влегува во вишок патетики по повод 8 март, а е жена и тоа не обична туку борец, аристократски ков, но за тоа друг пат… сеа да напишам реченица две за неморалот и за лошата карма што доаѓа после него…

Одиме вака, вчера верувам дека повеќето од вас ја видеа сторијата за малото дете што оди на школо со магаре. Видовте во какви услови живее истото тоа дете и брзам да ви кажам дека за нив, не е виновен само Мијалков. Виновни сте сите вие драги македонски политичари, што раководевте со оваа земја, од 1991 г. па досега. Виновни сте бидејќи вие со вашето разбирање за политика и работа за „подобрата иднина на сите граѓани“ создававте и продолжувате да создавате скотови. Да, токму така скотови, кои би работеле нешто, ама немаат можност. Тука не мислам само на родителите на малиот јунак, туку на сите, на кои вие им го одземавте правото да се обидат и ако не ги бидува да пропаднат, како што е во капитализмот. Вие ги создадовте веќе пропаднати и вие сте виновни за маката во очите на нивните деца.

За децата се работи, не е ниту за името, ниту за правдата, ниту за моралот. За децата!!! Нив не ги осудувајте, како што ги осудивте нивните родители. Дали на некој од вас, господа сегашни и поранешни управувачи со оваа земја, ви трепнува нешто? Па вие ги создадовте овие скотови и после ги нарековте гревови, за да звучи поблаго. Сега децата на тие скотови, болни и осудени на мака, пешачат по 1 саат за да ги дооформите во училиштата… да ги дооформите како завршени губитници.

Знаете што, со мојата блиска, што нема време за вашите циркуси, стигнавме до заклучокот дека вие имате помалку морал дури и од дамите позади МТВ. Не кажувам ништо ново знам, а нив дури не сакам да ги наречам курви, истото не важи за вас.

Автор: Атанас Величков-Батко Тане