| |

Бугарија и Јапонија ќе градат стратешко партнерство

За можностите за градење стратешко партнерство меѓу Бугарија и Јапонија разговараа министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков и неговиот јапонски колега Јошимаса Хајаши. Средбата на двајцата министри се одржала во рамките на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, соопштува бугарското МНР.

Милков и Хајаши ги истакнале одличните билатерални односи меѓу Бугарија и Јапонија, како и спроведувањето на активниот дијалог и соработка во однос на земјите од Западен Балкан. Тие ја споделија својата загриженост за влошената безбедносна средина и предизвиците на меѓународниот правен поредок.

Двајцата разговарале за продлабочување на економската соработка, при што јапонската страна покажала интерес за можностите на Бугарија за развој во областа на информатичката технологија, новите технологии, зелениот водород, одговорот при катастрофи и несреќи, информираат од МНР.

Слични Објави