| |

ВМРО-ДПМНЕ: НАМЕСТО ДА ГОНАТ КРИМИНАЛ, ИНСТИТУЦИИТЕ ПО НАЛОГ НА ЗАЕВ ВРШАТ ПРИТИСОЦИ ВРЗ НОВИНАРИ

Наместо да гонат криминал, институциите по налог на Зоран Заев, гонат медиуми и вршат притисоци врз новинари кои објавуваат сомненија за корупција на власта.

Вчера во полиција беа повикани двајца новинари, а еден медиум заврши со емитување на програма затоа што Заев, негови функционери, СЈО и сопственикот на медиумот рекетирале милиони евра.

За аболицираниот Заев не беше доволен политичкиот прогон кој го вршеше врз опозицијата, па удира и во медиумската сфера.

Криминалната банда на чело со Заев се обидува да ги замолчи и цензурира медиумите кои ги разоткриваат криминалите и корупцијата на власта. Акцискиот план на човекот кој е синоним за лаги и дезинформации, за борба против дезинформирањето не е ништо повеќе од класичен обид за цензурирање на медиумите во Република Македонија.

Слободата на медиумите во Македонија е загрозена, слобода на говор нема, а со ваквото нецивилизирано однесување на власта се загрозува и европската иднина на државата.

Случајот ,,Рекет” е најголема потврда за уцените и заканите со кои се користи власта во пресметка со неистомислениците. Најголемите непријатели на лажгото Заев се оние кои ја говорат вистината за неговото владеење, новинарите.

Откако новинарите Љупчо Златев и Горан Момировски и го обзнанија на јавноста мега скандалот со местениот тендер ,,Leonardo will win”, тие беа повикани на распит во МВР. Наместо обвинителството да го истражи овој случај, на мета на институциите се најдоа оние кои го обзнанија криминалот на власта.

Лагите на Заев веќе не минуваат во јавноста па оттаму произлегува причината да се дискредитираат сите оние кои ја говорат вистината за неговото владеење преку обвинувања за лажните вести.

Ваквите орвелови чекори на криминалната власт за општа цензура, само го забрзуваат нејзиниот пад. Во Македонија ќе дојде време кога граѓаните, новинарите, медиумите ќе можат слободно да се изразуваат, а тоа ќе се случи кога Зоран Заев ќе си замине од политичката сцена во Република Македонија, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Слични Објави