Да се врати од Брисел, па потоа Димовски ќе реферира во Собранието за скандалот со украинскиот политичар
Директорот на АНБ Виктор Димовски ќе оди на службен пат во Брисел за што го известил претседателот на собраниската надзорна комисија Љупчо Пренџов.
Поради тоа, Димовски не може да присуствува на утрешната седница на комисијата свикана за да се расчисти скандалот со даденото спортско државјанство на контроверзниот украински политичар Олександар Онишченко гонет за корупција, проституција и ширење дезинформации.
-Директорот Димовски ми се јави,ме извести за патот и изрази подготвеност да сведочи пред комисијата но во петок кога ќе се врати од пат во Брисел, ни потврди пратеникот Пренџов во телефонски разговор.
АНБ издала позитивно мислење за државјанството на Онишченко кој бил пријавен како спортист во еквестријан односно во прескокнување на пречки со коњ. На повеќе јавни извори на информации, името на Онишченко се поврзува со корупциски скандали во Украина и истраги за елитна проституција преку украинскиот избор на Мис.
САД го ставија Олександр Онишченко на црна листа поради ширење на дезинформации и поткопување на демократијата во пресрет на последните американски претседателски избори.
Извор: zoom.mk