ВМРО-ДПМНЕ ЈА ПОЧНА КАТАРЗАТА НАЈАВЕНА ОД МИЦКОСКИ СО ФУНКЦИЈА ЗА АЛЕКСАНДАР ПАНДОВ
ВМРО-ДПМНЕ синоќа на седница на Извршниот комитет донела одлука за формирање Патриотски институт на партијата што ќе го води Александар Пандов. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тој е долгогодишен член и поранешен вршител на повеќе партиски функции.
Исто така, именувани се и нови членови на Извршниот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека кадровските одлуки се дел од процесот на кадровско доекипирање и катарза најавена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Велат дека кадровските освежувања ќе продолжат и во периодот што следи.

