Бугарија ја очекува силна летна туристичка сезона
Податоците за претстојната летна сезона се позитивни и очекуваме да го надминеме за 5 отсто резултатот од рекордната година за национален туризам во 2019 година, изјави министерот за туризам Илин Димитров во одморалиштето Албена.
Тој додаде дека многу туристи се очекуваат од традиционалните пазари, но и од оние во развој – Полска и Чешка. Расте и пазарот во Велика Британија. Германскиот пазар кој имаше сериозен пад постепено закрепнува. Споредено со претходната летна сезона од 2022 година, се очекува бројот на туристи да се зголеми за ¼.
Димитров потсети дека земјата ја заврши многу добрата зимска сезона. И покрај недостигот на снег во зима, нивоата од 2019 година и пред пандемијата на Ковид се надминати за 9%.