„Шанса за Центар“: Градежна машинерија го нападна Кругче, иако нема капацитет за нови градби
„Градежната машинерија од утрината го нападна Кругче и покрај предупредувањата на Шанса за Центар дека тој дел од општината нема капацитет да издржи нови градби. За жал повторно желбата за профит надвладеа над јавниот интерес“, објави денеска Шанса за Центар.
Тие на ФБ пишуваат: „Градоначалникот Горан Герасимовски и општинското раководство предводено од СДСМ наспроти предизборните ветувања за почитување на јавниот простор и интерес, ќе останат запаметени по одземањето на јавниот простор и квалитетот на живот со плановите за паркингот кај Холидеј Ин, Дебар Маало, како и Буњаковец, Треска и сите останати за кои е утврдена незаконитост и постојат суспензивни стручни елаборати. Со ова, СДСМ ги реализира плановите на ВМРО за кои предизборно велеше дека го уништуваат градот“.