Јотова: Бугарија останува безбедна туристичка дестинација
Бугарија останува една од најбезбедните туристички дестинации и покрај војната на Блискиот Исток и предупредувањата од Иран поради соработката со САД, изјави претседателката Илијана Јотова при посетата на археолошкиот комплекс Перперикон, јавува БГНЕС.
„Нема никакви закани од конфликтите во Европа и на Блискиот Исток“, рече Јотова, додавајќи дека туристите во земјата можат да најдат мир и добри услови за одмор. Според неа, откажаните летови се поврзани со цените и снабдувањето со гориво.
За миграцијата, Јотова оцени дека Бугарија има едни од најбезбедните граници и повика на соработка со Малта, Шпанија, Италија и Грција за промена на европската миграциска политика.
Таа посочи и дека на Бугарија ѝ недостига доследна туристичка реклама, која покрај видеоспотови треба да ги претставува приказните за културните и историските знаменитости. За Перперикон рече дека е уникатен археолошки локалитет во Европа, кој заслужува поголема меѓународна промоција.
