Пишува: Вецко Здравески, политолог
Како држава да направиш многу скапи парламентарни избори, и да завршат фер и демократски со влезени шест политички партии во парламент, и да неможеш да составиш влада, тоа се вика луда политичка и самобендисана демократија, и одење на нови предвремени парламентарни избори во јули.
Во бугарскиот парламент има три нови партии, кои настапуваа смело во преговорите за составување на влада и одбиваа да направат измешана, широка влада од различни идеологии и програми, и тоа без ГЕРБ.
Во Бугарија се вртат три сценарија, прогнози за предвремените избори во јули месец.
Првото сценарио и прогноза на политичари, аналитичари во Бугарија е дека ГЕРБ ќе падне повеќе и ќе остане засекогаш во опозиција, исто прогнозираат и крај за ГЕРБ.
Втората прогноза е дека новите политички сили, партии можат со предвремените избори да направат многу подобар резултат од сегашната распределба на мандати во парламентот, а најоптимистички се расположени луѓето од “Има таков народ” на шоуменот Слави Трифонов, кои веруваа во подобар резултат и можност да направат влада без да се пазарат и без да прават компромис со други политички партии.
Трето сценарио и прогноза на брзите предвремени парламентарни избори (ППИ) во јули е да се повторат исти или слични резултати, и да се дојде до истата ситуација како денес, политичка, парламентарна, самобендисана криза. На овие три сценарија и прогнози за ППИ во јули од страна на политичари, аналитичари и колеги политиколози, јас ќе додадам и четврта прогноза, сценарио кое може да се случи на овие, јас ќе ги наречам поправни/предвремени парламентарни избори.
Четвртото сценарио на овие поправни/предвремени избори, ќе бидат ГЕРБ, НФСБ, ВМРО и други помали партии кои не направија 4% квота за влез во парламент. На четвртото сценарио редоследот може да биде ист, само може да испаднат од парламентот “Исправи се! Мутри надвор” на Маја Манолова, А на тоа место да влезат “НФСБ -Валери Симеонов” и “ВМРО Красимир Каракачанов”, со поддршка и на други помали партии. Четвртата прогноза е ГЕРБ во јули на поправните избори, повторно да биде прв, но ГЕРБ ако успее да направи една голема коалиција со заедничка листа со СДС, НФСБ, ВМРО и други помали партии, убедливо со голема разлика ќе победи и ќе му треба само ДПС за да состави влада во јули на поправните избори.