НАШАТА РАКОМЕТНА ИДНИНА ЗАГУБИ ОД ГРЦИЈА СО 11 РАЗЛИКА!

/

Македонската кадетска ракометна репрезентација доживеа дебакл од 11 голови разлика од Грција на Медитеранскиот шампионат, што се одржува во Атина.

Нашите таленти во разигрувањето за пласман од 9-то до 14-то место загубија со 25-14. Бевме рамноправни само во првата третина, кога резултатот беше 5-5, но потоа момците на селекторот Никола Матлиески комплетно се распаднаа. Во следните третини загубивме со 11-5 и 9-4.

Утре во разигрувањето за што подобар пласман се среќаваме со Саудиска Арабија, додека задутре против Кувајт. Во првата фаза на Медитеранскиот шампионат запишавме четири порази, едно реми и само една победа.



Извор: Спорт1



Претходна статија

ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИН ПОВРЕДЕН СО НОЖ, ДЕВОЈКА ЛИШЕНА ОД СЛОБОДА ПОД СОМНЕНИЕ ДЕКА ГО ИЗВРШИЛА НАПАДОТ

Следна статија

(ВИДЕО) КОЛЕВ: КАКО НЕПРИНЦИПИЕЛНИТЕ ЛУЃЕ ИНФИЛТРИРАНИ ОД ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ И ДУИ ВО ПРАВОСУДНИОТ СИСТЕМ ОДЕДНАШ ЌЕ ПОЧНАТ ДА РАБОТАТ ВО ИНТЕРЕС НА ПРАВДАТА?

Најново од Вести