|

ДОСЕГА 55 ЛИЦА ОД ШТИП СЕ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19

„Во Штип до вчерашниот ден се издадени 55 решенија на позитивни лица на вирусот за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за здравствен надзор и изолација по однос на контакти. Извршени се 100 тестирања, а во тек се уште 485 тестирања на вработените“, информира денеска на прес-конференција Иринка Сотирова Бухова, директорка на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, претставувајќи ја состојбата со кластерите на заразени со КОВИД – 19 коишто се појавија во штипските конфекции и во одредени правни субјекти во Тетово.

Во Тетово се издадени осум решенија на лица кои биле позитивни на КОВИД -19 за домашно лекување и самоизолација, а 54 решенија за здравствен надзор и изолација по основ на контакти. Досега се завршени 70 тестирања од планираните 150.

Сотирова Бухова потенцираше дека овие бројки се однесуваат само на позитивните и контактите кои се ажурирани во конфекциите и правните субјекти во овие два града. Во таа бројка не се внесени кластерите во фамилии или другите позитивни лица.

Слични Објави