ПЕТАР КОЛЕВ: КАДЕ ИСЧЕЗНА МИЛИОНОТ ЗА БРАНАТА НА РЕКАТА ОТИЊА?

Станува очигледно дека градоначалникот Бочварски, не може да ги разбере пресовите и прашањата кои му ги поставуваат колегите од ГДУ-ШТИП. Ова не е прв пат тој да не може да разбере што сакаат да го прашаат и да не им даде конкретен одговор. Или прашањата се премногу комплицирани за него или вистината не му се допаѓа.

Затоа да бидеме поедноставни и да може да не разбере, ќе прашам конкретно:

Г. Бочварски каде се парите од доприносот на граѓаните за браната кои со години беа собирани, станува збор за речиси 1. 000 000 евра? Ги има ли, или стариот двоец ДПМНЕ и СДСМ ги направивте „пепел“ за овие години, па сега здружено си молчите?!

Само не ни се оправдувајте со фиктивни договори за заем на јавните претпријатија, бидејќи сите знаеме дека ЈП ИСАР е во трагична финансиска состојба и никогаш нема да ги врати тие средства. 
Ете за да ви олесниме, кажете каква е улогата на г. Панде Сарев, поранешниот градоначалник на Штип од вашата партија СДСМ?

Второ: Во врска со вашето домаќинско работење, дали е домаќински да имаш готов проект за брана, изработен од градежен факултет со поминати ревизии и сѐ што е потребно, потоа истиот да биде ревидиран од градоначалникот Алексов, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за сумата од 1. 500 000 денари, готов за реализација, а вие да потрошите нови 10. 000 000 денари за уште едно ревидирање на проектот?

Кажете им на граѓаните дали е точно и која е фирмата што го ревидираше проектот и се облажи со 10. 000 000 денари, пари од нашите даноци, иако има веќе готов проект изработен од градежен факултет?

Трето: Г. Бочварски кога ќе се прска против комарци? Ситуацијата е трагична. Како да ви веруваме за изградбата на браната кога вие како локална власт не можете да се справите со една толку банална работа, како прскањето против комарци, прашува претседателот на Граѓанско Демократска Унија, Петар Колев.