ДОДЕКА „ГОЛЕМИТЕ“ ИГНОРИРААТ- НЕФИ ДЕМОНСТРИРА

Денеска градоначалникот на Струга, г-нот Рамиз Мерко во интервју за Саше Ивановски-Политико, изјави дека не гледа никаков проблем во тоа што отишол на отворањето на локалот на советникот од ДУИ во Охрид, Нефи Усеини. Според Мерко, ако локалот е веќе изграден, значи не е дивоградба.  Во истото интервју Мерко истакна уште дека не се вистините тврдењата дека ДУИ и функционерите на партијата си прават што сакаат бидејќи немаат страв од законот.

Иронично нели, Нефи Усеини е советник во Советот на Општина Охрид од редовите на ДУИ, токму за пицеријата кај чинарот во истиот град, уште во март оваа година добил решение од Општина Охрид во рок од десет дена сам да ги урне металната конструкција и платформата од бетон и цврста градба. Но ништо од бизнисот. Точно на откривањето на овој локал се појави г-нот Мерко.

Г-нот Нефи е основниот играч во градежниот бизнис во Охрид…

Овој статус г-нот Нефи не го добил преку ноќ. Моќта на г-нот Нефи се градела со години. Тука освен досегашните градочалници од СДСМ, Петрески, Стојаноски и Георгиески, солидно помогнал и „вмровецот“ Никола Бакрачески. ДПМНЕ и СДСМ во Охрид си создадоа еден добровоспитан бизнисмен, кој нема никаков проблем да те прати таму од каде што си излегол, ако го прашаш нешто за неговите дивоградби.

ДПМНЕ и СДСМ си создадоа моќен „сојузник“, чиј апетит расте, а стравот од државата му е на ниво нула. Зошто ли? Затоа што над главата на Нефи, чадорот го држи Али Ахмети, а Али Ахмети е моќен човек. Тој е доволно моќен заедно со коалициониот партнер да забошоти напад врз полицаец (случајот „Пајак“ и Бекир Асани), па што остана за една пицерија, била таа дивоградба, или пак за една тепачка во Советот на Општина Охрид. Потсетувам дека г-нот Нефи се покажа и како ММА борач откако физички го нападна својот колега, советникот од Беса, Џемал Мена. Пак ништо. Немаше дури протоколарна осуда од страна на „интегративците“, за кои нели, како што кажа г-нот Мерко во интервјуто со Саше Политико, немаат врска муабетите дека не го почитувале законот.

Охрид не е Пласница за таму да се распоредува како бег над беговите еден лик, без разлика на неговата партиска, етничка и верска припадност. Законот треба да важи подеднакво за сите и не заради УНЕСКО, со него и без него, со нашиот игнорантен однос ние секако му се се сереме на градот. За Македонија е важно, секој локален шериф да си го знае местото инаку отидовме сите топтан у курац и според закон и по пропис.

Автор: Атанас Величков