ФИЛИПЧЕ ДО МЕДИУМИТЕ: НЕ ИЗБРЗУВАЈТЕ СО ПОДАТОЦИТЕ ЗА НОВИТЕ СЛУЧАИ, ДЕНЕСКА ИМАМЕ 67 НОВОЗАБОЛЕНИ
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-кофенреција информираше и побара од медиумите да не избрзуваат со објавување на бројките за заболени, туку да чекаат додека тој број официјално не биде објавен.
„Oд вкупно 868 тестирани, 67 позитивни пациенти во изминатите 24 часа, во следните неколку часа ќе ја објавиме и деталната анализа по градови. Има 25 оздравени и 1 починат пациент“, рече Филипче.
