КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА 26 УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ

/

Во изминативе четири дена 26 угостителски објекти заработиле кривична пријава од Државниот пазарен инспекторат заради непочитување на протоколите на работа, јавува СДК.

Директорот Стојко Пауновски на денешната прес-конференција кажа дека од извршените контроли поголем број кафеанџии се придржувале на протоколите.

„Првиот ден откако се отворија кафулињата, кога рековме дека ќе едуцираме изрековме 856 опомени. До денеска поднесени се 26 кривични пријави и 41 прекршочна пријава. Инспекторите и понатаму ќе бидат на терен“, рече Пауновски.



Тој кажа дека имале средби со угостителите и дека тие имале одредени барања за промена на протоколите на работа, кои ќе ги разгледува Министерството за економија.

Претходна статија

ГДУ Е СПРЕМНА ЗА ИЗБОРИ НО МОРА ДА СЕ ВНИМАВА НА НОВОНАСТАНАТАТА СИТУАЦИЈА

Следна статија

ДОСЕГА 55 ЛИЦА ОД ШТИП СЕ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19

Најново од Вести