ГДУ Е СПРЕМНА ЗА ИЗБОРИ НО МОРА ДА СЕ ВНИМАВА НА НОВОНАСТАНАТАТА СИТУАЦИЈА

//

„Ја поздравуваме одлуката на претседателот Пендаровски за продолжувањето на вонредната состојба, зошто тоа беше повеќе од потребно. На секој му е јасно дека бројките на новозаболени и починати од смртоносниот вирус во земјава секојдневно се во пораст и состојбата е повеќе од загрижувачка. Додека земјите од регионот со денови немаат ниту еден заболен, кај нас од ден во ден се запрепастувачки. Продолжувањето на вонредната состојба беше неопходно, не за да се калкулира со датумот за избори, туку зошто тоа пред сѐ е во интерес на граѓаните.

ГДУ е спремна за избори бидејќи државата мора да има функционални и легитимни институции, но притоа мора да се внимава на новонастаната ситуација. Како одговорна партија сметаме дека сите политички чинители треба да бидат првенствено насочени кон она што ни се случува во моментов, но и како да ја опоравиме државата од економските последици кои ги предизвика корона вирусот.

И притоа погрешна е стратегијата да се бара одговорност од граѓаните или прстот за критичните бројки да се вперува во нив дека се такви затоа што не ги почитувале препораките. Единствената вина е во институциите и политичарите, во кои граѓаните немаат доверба. Кога имаше помалку заболени на граѓаните им се сервираше дека ситуацијата е опасна и оти мора да седат дома. А сега кога од 60 до 80 случаи имаме секој ден се укинаа сите рестриктивни мерки и се убедуваат дека сѐ било под контрола. Па кој би поверувал во тоа, кога извештаите од Институтот за јавно здравје постојано го демантираат.



Со жалење констатираме некои политички ликови никако не можат да излезат од своите партиски ровови. Одново и одново докажуваат дека личните, партиските и бизнис интересите им се пред сѐ.

Повторно предупредуваме дека консензус мора да има за датумот за изборите, зошто се поинаку би довело до нова политичка криза која ни е најмалку потребна сега“. се вели во соопштението на политичката партија Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.



Претходна статија

ШТИПСКИТЕ ЕПИДЕМИОЛОЗИ ПОЧНАА СО ТЕСТИРАЊЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ ОД ПЕТТЕ КОНФЕКЦИИ

Следна статија

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА 26 УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ

Најново од Вести