ДАЛИ МОЖЕ ДА СЕ ЗАРАЗИТЕ СО КОРОНА ВИРУС ОД ДОПИР?

/

Коронавирусот претежно се пренесува преку капки кога заразеното лице кашла или кива, но освен социјалното дистанцирање, многу луѓе се претпазливи да ги допираат кваките, копчињата или паричниците.

Експертите велат дека ова е мудро, јавува новинската агенција Хина ДПА, пренесува Локално.

„Студиите сугерираат дека коронавирусот на површините може да преживее од неколку часови до неколку денови“, вели Светската здравствена организација (СЗО).

Пренесувањето на коронавирусот со допирање на контаминирани предмети „се чини дека е можно“, се вели во соопштението од германскиот институт за проценка на ризик (BfR).



И иако генерално не е стабилен на сувите површини, првичните лабораториски тестови на новиот вирус укажуваат дека таа останува присутен до четири часа на бакарна површина, 24 часа на картонската површина и два до три дена на пластика.

Со други зборови, ако заразеното лице кашла и пренесе капки на рачката на количката во продавницата, следниот клиент може да се зарази ако ја земе рачката и потоа ја допре устата, носот или очите.

Целиот напис прочитајте го овде.



Претходна статија

ФОТО: КОРОНАТА МОЖЕ ДА БИДЕ И ЗАБАВНА :)

Следна статија

(ВИДЕО) КОЈ ДРУГ ВАКА МОЖЕ ДА ПОКАЖЕ КОЛКУ Е ЧАСОТ? :)

Најново од Магазин