5 ЧУВСТВА КОИ ЧЕСТО ГИ МЕШАМЕ СО ЉУБОВТА

Љубовта е силна емоција. Сепак, има чувства што би можеле да нè измамат дека чувствуваме љубов. Кои се тие?

Стабилност
Ако имате чувство дека вашиот живот е материјално нестабилен , природно е да побарате стабилност на друго место. Ако почнете да се среќавате со некоја личност на која животот и оди како на „подмачкано“, веројатноста дека ќе развиете силни чувства кон таа личност е голема. Иако таквото дружење може да има многу придобивки за вас, сепак тоа не е вистинска љубов.

Сексуална хемија
Сексуалната хемија може да нè доведе во заблуда и да нè натера да мислиме дека имаме љубов кон партнерот, но тоа е само страст. Иако добриот секс е многу важен за љубовната врска, не е доволен за да се изгради стабилност која ќе се претвори во љубов од еден кон друг. Затоа добро размислете надвор од вашата спална соба, каква е навистина вашата врска.

Љубезност
После неколку неуспешни врски со несоодветни партнери или во одреден тежок животен момент, ако некој кој е љубезен ви покаже внимание и грижа, многу лесно може да дојде до ситуација да мислите дека чувствувате љубов кон таа личност. Тука многу често станува збор за личност во која гледаме емоционална поддршка во тој момент и кога ќе си стапнеме на нозе сфаќаме дека сме биле во заблуда.

Љубомора
Љубомората во мали дози е здрава за врската. Но, кога сте љубоморни на фактот дека партнерот разговара со некој од спротивниот пол, тоа не е љубов. Овој вид на љубомора сугерира дека сте несигурни во себе. Дали е тоа затоа што верувате дека не сте доволно добри или не му верувате на партнерот?

Добро пријателство
Понекогаш интензивното дружење со некого, имањето добро пријателство, може да не насочи да мислиме дека сме се заљубиле во другарчето. Секако дека постојат исклучоци. Во некои врски, партнерите се многу добри пријатели, а потоа и љубовници.