АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА: ЗАЕВ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ

Премиерот Зоран Заев истовремено не може да биде министер за финансии, но може да раководи со ресорот, објаснува за „Фокус“ претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска.

-Законот за антикорупција е јасен и јасно предвидува дека премиерот истовремено не може да биде министер и дека овие две функции се непоиви. Меѓутоа, Законот за влада му дозволува да раководи со одреден ресор во одреден период во определни услови, вели Ивановска.

Инаку, членот 44 од законот за спречување на корупција и судир на интереси гласи: „Функцијата претседател на Републиката, претседател на Владата на Република Македонија, министер, пратеник, член на совет, градоначалник, судија, јавен обвинител, јавен правобранител, народен правобранител и други функции кои ги избира или именува Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија или органите на локалната самоуправа се неспојливи една со друга“.

Во Законот за влада, пак, во членот 11 се наведува дека „Претседателот на Владата раководи со работата на Владата, одговорен е за нејзината работа и остварува соработка со другите органи, јавни претпријатија и установи, го насочува дејствувањето на Владата во целина и на нејзините членови во согласност со програмските определби и насоките што таа ги утврдува, ги потпишува прописите и актите што ги донесува Владата и се грижи за нивното спроведување…“

Извор: Фокус

Слични Објави