| |

НОВА ТРПЕЗАРИЈА ВО ПРИФАТИЛИШТЕТО ЗА БЕЗДОМНИЦИ ВО МОМИН ПОТОК

Во рамките на пунктот и прифатилиштето за бездомни лица во Момин поток денеска беше пуштена во употреба комплетно опремена новa просторија што ќе се користи како трпезарија.

Трпезаријата зафаќа простор од 200 метри квадратни и истата ќе можат да ја користат 40 бездомни лица.

Скопскиот градоначалник Шилегов посочи дека за оваа намена градските власти од буџетот издвоиле 1,5 милиони денари.

„Прифатилиштето е опремено сo кревети, тоалети, чајна кујна и други неопходни средства за функционирање на пунктот со што ќе може целосно да одговори на потребите на овие лица. Сместувачкиот капацитет на Прифатилиштето минатата година беше зголемен од 16 на 32 кревети“, потсети градоначалникот.

Во текот на работната недела, пунктот е отворен во понеделниците кога бездомниците добиваат хигиенски услуги и секој петок кога добиваат и чисти алишта, лекарски преглед и неопходни лекарства, разговор и совети од психолог, оброк и топол напиток.

Извор: Макфакс



Слични Објави