Советот за безбедност на ОН свикува вонредна седница по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свикува вонредна седница по нападите на САД и Израел врз Иран и возвратните удари на Техеран, пренесува БГНЕС.
Седницата, закажана за 16:00 часот по локално време (22:00 часот по централно европско време), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија од ОН. Според информациите на израелската делегација во светската организација, барањето за нејзино свикување го поднеле Франција и Бахреин.
