Умерен оптимизам пред почетокот на состанокот на Советот на ЕУ за проширувањето на Шенген зоната со Бугарија и Романија
Потпретседателот на Европската комисија Маргаритис Схинас, еврокомесарот за внатрешни работи Илва Јохансон и чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракушан изразија умерен оптимизам пред почетокот на денешниот состанок на Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи во Брисел, каде што ќе се гласа за пристапувањето на Бугарија. Романија и Хрватска во Шенген зоната.
Трите земји се технички подготвени да се приклучат, го направија она што го побаравме од нив дури и повеќе. Тие се подготвени, изјави Схинас. Останатите двоумење се политички. Се надевам дека ќе надвладее разумот и ќе имаме решение, ако не денес, за неколку дена. Би било неправедно овие земји да не го добијат тоа што го заслужуваат, додаде тој.
Комесарката Јохансон рече дека очекува одлука уште денеска. Очекувам средбата да биде многу динамична. Очекувам Хрватска да добие целосна поддршка, како и да го комплетираме прашањето за Бугарија и Романија. Се надевам денеска да биде донесена одлука, рече таа.
Министерот Ракушан изрази уверување дека Хрватска денеска ќе биде примена во Шенген зоната и тоа ќе биде голем успех за чешкото претседателство со Советот на ЕУ. Се надеваме дека ќе има решение и за Бугарија и Романија. Нема да биде лесно, денеска ќе дадеме се од себе за решение, додаде министерот.

