Христијан Пендиков во специјално интервју за БНТ: Бугарите во РС Македонија се малтретирани, преку медиумите и профили во социјалните мрежи се повикува на насилство врз нас
„На македонските Бугари им e потребна голема помош“, изјави Христијан Пендиков во специјалното интервју за БНТ, еден ден откако го доби бугарското државјанство. Ова преку социјалната мрежа Facebook го соопшти бугарскиот новинар Александар Марков.
„Откако ние отворено ги искажавме нашите бугарски чувства, не третираат како црни ѓаволи во РСМ. Претседателите на бугарските клубови се уште немаат бугарско државјанство и тоа ги загрижува. Бугарите во РСМ се малтретирани. Преку онлајн медиумите и преку непознати профили во социјалните мрежи се споделуваат наши фотографии и под нив повикува на насилство врз нас“, вели Пендиков пред Александар Марков.

Дел од интервјуто на Александар Марков со Христијан Пендиков ќе биде прикажан вечерва во централната емисија вести на Бугарската национална телевизија, а целото интервју, ќе може да се види утре во утринскиот блок на БНТ, пишува Марков.

