Генчовкса: Се зависи од Скопје-нема нов француски предлог

//

Бугарската министерка за надворешни работи во оставка соопшти пред БГНЕС дека нема нов француски предлог кој што се разликува од веќе одобрениот предлог од страна на бугарскиот Парламент.

На 24 јуни народното Собрание изгласа проект за решение кој што има за цел да го регулира спорот меѓу Софија и Скопје и да го отвори патот за европска интеграција на РС Македонија.
Проектот за решение се темели врз предлогот на француското претседателство и го надградува со цел да бидат заштитени максимално бугарските интереси. Во него се потврдуваат условите при кои Бугарија може да го поддржи процесот за евроинтеграција на РС Македонија.
Вчера бугарската Влада го одобри тоа решение на бугарскиот Парламент.

На прашањето на БГНЕС дали има нов француски предлог кој што се разликува од веќе изгласаниот предлог од изгласаниот во парламентот , Генчовска одговори кратко не.

„Се зависи од подготвеноста на Скопје. Очекуваме од нив државна и одговорна политика. Бугарија е готова да го потпише последниот протокол од заедничката меѓувладина комисија“, изјави Генчовска.

На прашањето дали тоа ќе се случи денеска, Генчовска одговори дека тоа зависи од Скопје.





Претходна статија

(ВО ЖИВО) Прес-конференција на премиерот Ковачевски во однос на францускиот предлог, што стигна денеска во Скопје

Следна статија

Француската амбасадорка во Бугарија: Последниот предлог е идентичен со документот што го усвои бугарскиот парламент

Најново од Вести