Судот во Бангладеш осуди 16 лица на смртна казна , поради смртта на 19- годишната студентка Нусрат Џахан Рафи , која ја запалија .
Студентката беше запалена зашто ги обвинила наставниците за сексуално вознемирување. Девојката почина во април во болницата во градот Фени на 160 километри од главниот град Дака.
Колегите студенти ја испрскале Нусрат со керозин и ја запалиле во училиштето ,затоа што таа пријавила кај директорот на училиштето пред помалку од две недели сексуално вознемирување.
Таа починала пет дена по нападот, а нејзината приказна го привлече светското внимание кон ранливоста на жртвите на сексуално вознемирување во таа конзервативна земја.
Нусрат студирала во медреса, или исламски колеџ. На 27 март, таа го пријавила во полиција директорот на училиштето. Рекла дека ја повикал во канцеларијата и ја допирал несоодветно и дека успеала да избега пред да се случи посериозна злоупотреба.
Кога ја пријавила злоупотребата во локалната полиција, таа не добила заштита, само полицаецот ја снимил нејзината изјава со мобилен телефон.