ШТАНД ЗА ХОТ-ДОГ НАПАДНАТ ОД ПЧЕЛИ ВО ЊУЈОРК
Околу 20 илјади пчели нападнаа штанд за хот-дог во центарот на Њујорк, објавува „Гардијан“.
Според весникот на местото на инцидентот пристигнала полиција и ја оградила територијата. Потоа, еден од нив почнал да ги отстранува инсектите користејќи специјална правосмукалка. Процедурата траела околу 40 минути.
Според експертот, цитиран од весникот, ваквиот начин на собирање пчели, со оглед на фактот дека е користена специјализирана техника е сосема прифатлив. Подоцна, полицијата рече дека овие ситуации во градот не се реткост.
„Денес е многу топол ден, така што нашите пријатели-пчелите одлучија да застанат на штанд за хот-дог за да се освежат и да се одморат пред да се преселат во нов дом” – пишуваат на Твитер од полицијата.
