|

ВО ГЕРМАНИЈА Е ПОСТАВЕНА ПОЗЛАТЕНА СТАТУА НА ЕРДОГАН

Златна статуа на турскиот лидер е поставена на плоштадот во центарот на германскиот град Визбаден, како дел од фестивалот „Визбаден биенале“, кој ќе се одржува од 23 август – 2 септември. Оваа година настанот се одржува под слоганот „Лоши вести”.

Очевидци објавуваат фотографии од златната статуа на Ердоган на социјалните мрежи. Постојат такви кои се фотографираат со неа со турското знаме во рацете, но исто така на статуата има напишани и вулгарности.

Статуата се наоѓа во непосредна близина на полициската станица. Од полицијата рекоа дека внимателно ќе следат што ќе се случува околу неа.

Слични Објави