ФОНДАЦИЈАТА НА БИЛ ГЕЈТС ЌЕ ДОНИРА 460 МИЛИОНИ ДОЛАРИ НА УЧИЛИШТА ВО САД
Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ ќе донира 460 милиони долари за програми кои во наредните пет години ќе им помогнат на сиромашните и маргинализирани ученици да се запишат на колеџ во САД. Во првата фаза речиси 100 милиони долари ќе бидат инвестирани во 19 средношколски програми во сиромашни заедници во 13 сојузни држави. Од 1998 до 2018 година фондацијата на Гејтс донирала 1,6 милијарди долари за студентски стипендии. Тој донираше и компјутери и пристап за интернет во околу 10.000 библиотеки во сиромашни заедници ширум САД.
