ЗАГИНА ТРАКТОРИСТ КАЈ МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
Вчeра околу 14.30 часот било пријавено дека во Македонска Каменица, на место викано „Памарска маала“, Ќ.Р.(47) од селото Тодоровци загинал во несреќен случај. Според пријавата, Ќ.Р. додека возел трактор, од засега непознати причини земјоделската машина се превртела и го поклопила возачот, кој од внатрешните повреди починал на настанот. Извршен бил увид од увидна екипа од полициската станица од Македонска Каменица.

